Денеска (18.05.2023) од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид, во соработка со Полициската станица од општа надлежност Струга, со Црвениот Крст Струга, Итната медицинска помош и Територијалната противпожарна единица Струга, во кругот на струшките средни општински училишта „Ибраимм Темо“ и „Нико Нестор“ беа изведени симулациски вежби за претпоставена сообраќајна незгода.
На вежбата која што имаше едукативно-превентивен карактер беше прикажана сообраќајна несреќа каде учесници беа училишен автобус за превоз на ученици до училиште, патнички автомобил и моторциклист, при што преку активностите на стручните служби од Црвениот крст од ИМП и ТППЕ Струга и полициски службеници беше изведен показ за укажување на прва помош, евакуација и транспорт на повредените. Целта на ваквата активност, покрај едукацијата во делот на првата помош беше и подигнување на свесноста на учениците за поголема безбедност во сообраќајот .