15 мај 2023

Ученици од ОУ„Ѓорги Сугарев“ од Битола учествуваа на работилница на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

 Денеска (15.05.2023) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, а во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола спроведоа едукативна работилница со децата од осмо и деветто одделение од Основното училиште „Ѓорги Сугарев“ во Битола. Во рамки на работилницата, говорејќи на темата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, полициските службеници ги запознаа учениците со улогата на сообраќајниот полицаец, како и со основните знаење од областа на сообраќајот, односно сообраќајните правила и прописи. Притоа, на учениците им беше објаснето дека и тие како активни учесници во сообраќајот како пешаци, велосипедисти и сопатници треба доследно да ги почитуваат сообраќајните правила, пред сѐ во интерес на нивната лична безбедност, а исто така, им беше поделен и печатен материјал, изработен со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со едукативни содржини.