Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Здружението на граѓани "Мото клуб-Носачи на крстот" од Велес и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска на Велешко Езеро реализираа заедничка превентивна активност „Носи кацига, вози внимателно“ што е, впрочем, и мотото на денешниот собир.
Основна цел на активноста беше подигање на свесноста за внимателно и одговорно учество на мотоциклистите во сообраќајот, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Возачите на мотоцикли беа запознати со законската регулатива од оваа област на сообраќајот, неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, а во насока на општо зголемување на сообраќајната култура и безбедност.
При реализација на активноста, покрај тоа што беа реализирани средби и едукативни разговори со возачите на мотоцикли, беа поделени и летоци со едукативни содржини.