13 мај 2023

СВР Скопје и РСБСП со превентивни активности во областа на сообраќајот

Денеска (13.05.2023), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во рамки на кампањата „Не заборавај - стави појас“ спроведе едукативно-превентивна активност од областа на сообраќајот на наплатна рампа „Петровец“ лоцирана на подрачјето на Општина Петровец.

Во рамки на активностите како дел од кампањата, полициските службеници во непосредна комуникација со сите учесници во сообраќајот, а пред сѐ на возачите на моторни возила им укажуваа за потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, притоа ставајќи посебен акцент на задолжителното користење на сигурносен појас додека се управува моторно возило. Воедно на учесниците во сообраќајот им беше поделен едукативен материјал со информативна содржина кој е изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Исто така, во текот на денешниот ден (13.05.2023), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата присуствуваше на велосипедското и мотоциклистичко дефиле во рамки на кампањата за зголемување на безбедноста на велосипедистите и мотоциклистите, кое се одржа под мотото „Јас внимавам и безбедно возам - 2023 година“, кое се одвиваше по рутата од кеј кај „Холидеј Ин“, потоа по велосипедската патека до хотел „Хилтон“ - бул.„АСНОМ“ – Спортски центар „Јане Сандански“.