12 мај 2023

„И јас и ти сме пешаци“, превентивна активност на ОВР Свети Николе и РСБСП

Вчера (11.05.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе, при СВР Штип, во соработка со општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при општина Свети Николе во централното градско подрачје реализираа превентивна активност под мотото – “И јас и ти сме пешаци“.

Целта на превентивната активност беше зголемување на безбедноста во сообраќајот, фокусирана кон сите учесници во сообраќајот, но со посебно внимание кон пешаците, особено повозрасните граѓани и децата. Притоа, на граѓаните им беа делени едукативно-информативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а воедно им беше укажувано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи заради намалување на ризиците од сообраќајни несреќи, односно зголемување на безбедноста во сообраќајот.