Отсекот за превенција при СВР-Штип, вчера (05.05.), реализираше средба со претставници од Ловечкото здружение “Ловец“ од Штип, а во насока на информирање на членовите на здружението околу законски задолжителната замена на дозволите за оружје, согласно која сите граѓани и правни субјекти задолжително треба да ги заменат дозволите и овластувањата, издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје. Притоа, на средбата, на претставниците на ловното здружение им беа поделени летоци со упатства за барањата за нови дозволи кои се достапни на веб страната на Министерството за внатрешни работи или во Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи на Министерството за внатрешни работи, според живелиштето на граѓаните, односно според седиштето на правното лице и тоа секој работен ден во период од 08,00 до 16,00 часот а најдоцна до 04 јуни 2023 година.
Оваа кампања е иницирана од Националната комисија за мало и лесно оружје и поддржана од мисијата на ОБСЕ во Скопје преку проектот – “Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“. Исто така ,на средбата беше нагласено дека е неопходно да се почитува Законот за оружје со посебен акцент на членот 28 според кој корисникот или сопственикот на оружје е должен оружјето да го одржува во исправна состојба внимателно со него да ракува и да го чува на начин што ќе оневозможи пристап до истото од страна на неовластени лица.