04 мај 2023

Во пресрет на Денот на македонската полиција, во Куманово реализирани вежби за правилно укажување на прва помош, превентивни активности и пред кратовските основци

Во пресрет на 7 Мај - Денот на македонската полиција, денеска полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со општинската организација на Црвениот крст Куманово, реализираа показни вежби за правилно укажување на прва помош.
Волонтерите на Црвениот крст симулираа повредени лица при незгоди, односно повреди од тврд предмет, од сообраќајна незгода или повреда од елементарни непогоди.
Исто така, по истиот повод, и полициски службеници од ОВР Кратово заедно со учениците од основното општинско училиште “Кочо Рацин“ спроведоа повеќе активности на подрачјето на Кратово. Учениците поделија едукативен материјал на граѓаните во Кратово, а воедно и беа во посета на ОВР Кратово, каде имаа можност да се запознаат со работењето на полицијата.