03 мај 2023

Основци од Куманово во посета на СВР Куманово во пресрет на Денот на полицијата

Во пресрет на 7 мај - Денот на македонската полиција денеска во посета на СВР Куманово беа ученици од Основното општинско училиште „Наим Фрашери“ од Куманово.
Учениците имаа можност да се дружат со полициските службеници и да се запознаат со улогата и задачите на полициските службеници, како и со основните средства за работа на полицијата.
Целта на денешните активности беше зајакнување на улогата на полицијата во заедницата и градење на безбедно живеење, а пред сѐ градење на доверба на младите кон работата на полицијата, а во контекст на концептот - Полицијата во служба на граѓаните.