03 мај 2023

Соработка на полицијата во заедницата“-заедничка превентивна активност на полициски службеници од ПС Богородица и претставници на Фронтекс

Денеска полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица заедно со претставници на Фронтекс на Граничниот премин Богородица реализираа превентивни активности во рамки на концептот „Соработка на полицијата во заедницата“, а тематски посветено на илегалната миграција и криумчарењето мигранти. Притоа, покрај непосредната комуникација на патниците на влез и на излез од граничниот премин им беа делени печатени едукативни материјали со содржини од областа на работата на полицијата во заедницата со посебен акцент на потребата од тесна комуникација и соработка со полицијата.
Инаку, на оваа активност ѝ претходеше работен состанок што се одржа во просториите на оваа полициски станица меѓу полициските службеници од оваа организациона единица при Регионалниот центар за гранични работи Југ со претставниците од мисијата на ФРОНТЕКС во нашата земја, а посветен на квалитетното менаџирање на безбедносната состојба во врска со илегалната миграција и криумчарењето мигранти.