Во рамки на континуираните активности, Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (29.04.) во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе превентивна активност на подрачјето на Полициското одделение Петровец, односно наплатната рампа Петровец, во рамките на кампањата „Стави појас“. На возачите им беше делен едукативен материјал со пораки за внимателност во име на индивидуалната и општа безбедност на сите учесници во сообраќајот, а и во непосредната комуникација им беше потенцирана потребата од користењето на сигурносните појаси во возилата.