Денеска (27.04.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивна активност на подрачјето на општина Центар, односно на локации на улицата “Димитрија Чуповски“ и на пешачката зона на улицата “Македонија“.
Во рамките на превентивната активност наменета за пешаци- учесници во сообраќајот, покрај непосредната комуникација, на граѓаните им беа делени и едукативни печатени материјали со совети насочени кон доследно почитување на сообраќајните правила и прописи во поглед на категоријата пешаци како учесници во сообраќајот.