26 април 2023

Превентивни активности на СВР Штип

Полициски службеници од Отсекот за превенција и Одделението за НТ при СВР Штип, како и полициски службеници од ПС ОН Штип, вчера и денеска (25/26.04.),одржаа едукативни предавања на темите – “злоупотреба на наркотични дроги“ за ученици од прва и втора година од средното општинско училиште “Коле Нехтенин“ во Штип. Притоа, на учениците им беа презентирани сите суштински информации околу ризиците од користење на наркотичните дроги и како ваквите појави да се препознаат и навремено превенираат во интерес на заштита на децата.

Покрај ова, денеска и полициски службеници од ОВР Делчево реализираа превентивно едукативна активност во врска со проблематиката на зависностите, односно конкретно - злоупотребата на наркотичните дроги и алкохолот.

Превентивната активност беше реализирана во Средното општинско училиште “Методија Митевски Брицо“ во Делчево, на која што присуствуваа ученици од ова средно училиште.

Средношколците беа запознаени со најважните информации околу тематиката на злоупотребата на дрогата. За време на предавањето беа појаснети начините како да се препознаат и како да се превенираат овие појави што можат да бидат крајно штетни по здравјето на децата и младите. На предавањето на учениците им беа посочени и појаснети и законските санкции и консеквенци по однос на злоупотребите на дроги и алкохол.