Денеска (25.04.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе, при СВР Штип, во централното градско подрачје на Свети Николе реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот. Притоа во рамки на кампањата „Паркирај совесно, паркирај одговорно“, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ со возачите, полициските службеници укажуваа на неопходноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи во поглед на правилното паркирање како еден од факторите за поголема општа сообраќајна безбедност пред се на пешаците, но и на другите учесници во сообраќајот.
Исто така, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на возачите им беа поделени печатени летоци со информативни содржини околу правилното паркирање, со законските казниви одредби и препораки за почитување на прописите.
Покрај ова, денеска на подрачјето на СВР Штип, односно во просториите на ОВР Кочани од страна на полициски службеници од полициската станица, како и од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кочани беше спроведено едукативно предавање за учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани од областа на превенцијата, на тема „Безбедно управувај мопед и користи заштитен шлем“. Воедно, учениците беа запознаени и со дел од материјално техничките средства што ги користат полициските службеници за контрола и регулација на сообраќајот.