19 април 2023

Превентивни активности на СВР Штип

Полициски службеници од Отсекот за превенција и од Одделението за недозволена трговија при СВР Штип заедно со полициски службеници од ПС ОН Штип, денеска (19.04.) одржаа едукативни предавања на темите – “злоупотреба на наркотични дроги“ а кое што беше посветено за учениците од прва и втора година од средното општинско училиште “Димитар Мирасчиев“ во Штип.

Притоа на учениците им беа презентирани најважните односно суштински информации околу проблематиката на злоупотребите на дроги, почнувајќи од ризиците од користење и трговија со истите, па се до начините како ваквите појави може да се препознаат и навремено да се превенираат во интерес на заштита на децата.