15 април 2023

"МВР за граѓаните" - заедниџа, доверба, одговорност, превентивна активност во Дебар

СВР Охрид денеска во Дебар ја спроведе заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“.

Целта на овој превентивен проект е доближување на полицијата до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот - полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

Во рамките на проектот, полициски службеници на граѓаните во Дебар им поделија едукативен материјал и низ непосредни разговори ја презентирана улогата на полицијата во заедницата, задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството која го гарантира редот, мирот, владеењето на законите, работи на сузбивање на криминалот и води борба со сите криминогени појави во општеството.