Денеска (15 април) полициски службеници од СВР Куманово на плоштадот во Куманово, ја спроведоа четвртата по ред активност во рамките на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“.
При реализација на кампањата на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина и во непосреден разговор со нив им беше презентирано и објаснето полициското работење, а исто така им беше презентирана и опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење.
Преку денешната средба на граѓаните и полицијата уште еднаш беше потврдена важноста од соработката помеѓу полицијата и локалното население бидејќи полицијата како институција задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството го гарантира редот, мирот, безбедноста и владеењето на законите.