15 април 2023

„МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“, превентивна активност во Ѓорче Петров

Денеска (15.04.2023) полициски службеници од Одделението за превенција на СВР Скопје и полициски службеници од ПС ОН Ѓорче Петров во скопската општина Ѓорче Петров спроведоа активност во рамките на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“.

При реализација на кампањата на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, а од страна на полициските службеници им беше презентирано и објаснето полициското работење. Соработката меѓу полицијата и локалното население е важна за идентификување на проблемите, поставување на приоритети и решавање на предизвиците на локалната заедница. На присутните им беа презентирани и опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење.