Денеска (15.04.2023) полициски службеници од ОВР Ресен во централното градско подрачје во Ресен спроведоа активност во рамките на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“.
При реализација на кампањата, на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, а од страна на полициските службеници им беше презентирано и објаснето полицискoто работење, градењето на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните. На најмалите - дечињата во присуство на нивните родители им беа презентирани опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење.
Во рамките на кампањата од страна на полициските службеници им беше презентирано и објаснето на граѓаните колку е од голема важност, градењето на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните и како крајната цел од тоа партнерство на доверба меѓу полицијата и граѓаните е создавање и одржување безбедни и мирни населби и подобар квалитет на живеење.