12 април 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници од полициското одделение за безбедност на сообраќајот од ОВР Ресен, а во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, вчера (11.04.) во Ресен реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот при што на повеќе локации во централното градско подрачје на возачите им беа делени летоци со информации за важноста од користење на сигурносни појаси при возење. Притоа полициските службеници им укажуваа на возачите за законската обврска за задолжително користење на сигурносните појаси и за казнивоста на таквиот прекршок. Покрај ова, од страна на позорната служба од полициската станица Ресен беше спроведена активност во делот на заштита на граѓаните од имотните деликти.

Истиот ден и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со преставници од ОБСЕ и локалната самоуправа во Битола одржаа заедничка средба во насока на подобрување на функционалноста на Локалните совети за превенција, како исклучително важна институција во рамки на локалните заедници а во интерес на сигурноста и безбедноста на граѓаните.

Во Прилеп, пак, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со претставник од РСБСП во средното училиште “Орде Чопела“ одржаа предавање за учениците од четврта година под мотото – “Сообраќајна култура кај младите“. На предавањето низ разговори и споделување информации на матурантите пред се им беше укажано околу задолжителноста и важноста по безбедноста почитувањето на сообраќајните правила и прописи како идни возачи почетници и учесници во сообраќајот.