Денеска (12.04.) полициски службеници за превенција при ОВР Свети Николе одржаа едукативна работилница со учениците од ООУ “Даме Груев“, во село Ерџелија, светиниколско, на тема зависности, а на истата тема полициски службеници од Отсекот за превенција и Одделението за ОНТ, како и полициски службеници од ПС ОН Штип денеска одржаа предавања за ученици од прва година од средното општинско училиште “Јане Сандански“ во Штип.
Притоа, во рамки на предавањата на учениците им беа презентирани сите суштински информации околу ризиците од користење на наркотичните дроги, со посебен осврт на тоа како ваквите појави да се превенираат во интерес на заштита на децата. Користејќи ги практичните полициски искуства и стручните сознанија од овие области, учениците имаа можност подетално да се запознаат со проблематиката на зависности од дроги, психотропни супстанци и алкохол, потоа за околностите под кои се формира зависноста и примарно за нивното штетно влијание врз човечкиот организам. Исто така, на предавањата стана збор и за улогата на полицијата како од репресивна, така и од превентивна гледна точка во врска со спречувањето на овие девијантни појави ,а се со цел заштита на младите од зависностите и нивните последици.