09 април 2023

Превентивни активности на ОВР Прилеп

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп, при СВР Битола на 07.04. одржаа едукативни предавања на тема – “Врсничко насилство“ за учениците од осмо и деветто одделение од основните училишта “Манчу Матак“ во село Кривогаштани и “Јонче Смугрески“ во село Обршани. На учениците им беше презентирано како ваквите појави да се препознаат и навремено превенираат во интерес на заштита на децата.

Овие работилници се во рамки на превентивно-едукативниот проект “Превенција од врснично насилство“, на СВР Битола -ОВР Прилеп каде што преку сообразен концепт на презентација согласно училишните возрасти учениците се информираат и се запознаваат со потребата за меѓусебно почитување и толеранција, без разлика на етничката, верската и друга припадност, потоа за елиминирање на говор на омраза и надминување на разните видови предрасуди и стереотипи.