Денеска (04.04.) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа едукативни средби со децата од предучилишна возраст во ЈУГД “Буба мара“, клон - “Сонце“ и во Предучилишен центар “Нова“ на тема - “Запознавање со професијата полицаец - сообраќаец“ со цел на децата да им се приближи улогата на сообраќајниот полицаец, а секако и да се стекнат со основните знаења од областа на сообраќајот прилагодени на нивната возраст.
Инаку, вчера (03.04.) Одделението за превенција во координација со полициски службеници од ОБПС, организираше и спроведе едукативно превентивнa активност од областа на сообраќајот, и во основното училиште “Димо Хаџи Димов“ на подрачјето на ПС Карпош. Притоа, во рамките на планираната едукација на учениците од училишниот Клуб за превенција составен од ученици од седмо, осмо и деветто одделение, на интерактивен начин, а на темата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, на учениците им беа презентирани и објаснети информации за основите на сообраќајната култура, сообраќајните правила, прописи и знаци, со посебен акцент на оние кои директно влијаат врз безбедноста на децата кои се учесници во сообраќајот во улога на пешаци, но и како корисници на велосипеди и електрични тротинети.