31 март 2023

Едукативна работилница на РЦГР Север и СВР Куманово

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север заедно со полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и од Полициската станица за граничен надзор Сопот, на 29.03. реализираа едукативна работилница за ученици од основното училиште “Браќа Рибар“, кое ги опфаќа селата Табановце и Сопот.

На работилницата посветена на темата – “Превенција од зависности“, од страна на полициските службеници учениците беа запознати со низата крајно штетни и опасни последици од оваа девијантна појава и како најдобро да се заштитиме. На работилницата, исто така стана збор и за последиците по здравјето и последиците по однос на кривичните санкции нормирани во врска со нелегалната трговија со дрога.