Продолжувајќи со превентивните активности во рамки на проектот “Безбедност во училиштата“, Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од полициските станици од општа надлежност Ѓорче Петров и Карпош, како и од Полициското одделение Петровец, денеска (28.03) реализираше четири едукативни работилници со ученици од основни училишта во Скопје.
Така во соработка со ПСОН Ѓорче Петров беа реализирани едукативни работилници, тематски посветени на проблемите со зависностите, со учениците од училишните Клубови за превенција при основните училишта “Страшо Пинџур“ и “Ѓорче Петров“, на подрачјето на оваа полициска станица. Притоа, учениците преку видео презентација беа запознати со начините за препознавање и превенција од зависностите. Беше нагласено дека разните зависности често се генератор на агресивност, насилство и криминал.
На работилницата во СУГС “Лазар Танев“, на подрачјето на ПСОН Карпош, посветена на ученици од првата и втората година од ова средно училиште темата беше посветена на – говорот на омраза, за неговите форми и импликации по младите, како и за рано детектирање, пријавување и превенција од оваа социо-патолошка појава. Покрај ова, денеска во основното училиште “Братство и единство“ на подрачјето на ПО Петровец беше реализирана работилница на тема – “семејно насилство“ заедно со учниците од училишниот Клуб за превенција. Низ видео презентација со многу практични примери учениците беа запознати со начините на заштита и превенција од семејното насилство.