27 март 2023

Едукативна работилница на СВР Битола за побезбеден сообраќај

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола при СВР Битола, денеска (27.03.) во основните училишта “Гоце Делчев“ и “Даме Груев“ во Битола реализираа едукативни превентивни работилници од областа на сообраќајот.

На работилниците полициските службеници ги запознаа учениците од осмо и деветто одделение од овие основни училишта околу сообраќајните правила и прописи, особено важни од аспект на децата како учесници во сообраќајот. Притоа, посебно внимание беше посветено околу правилата и прописите при користење на моторцикли, електрични тротинети, велосипеди, што младите најчесто ги користат во сообраќајот, и секако за децата како пешаци.