Денеска (27.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје во координација со полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај организираше едукативно превентивни активности од областа на сообраќајот, во основните училишта “Љубен Лапе“ и “Ѓорѓи Пулевски“ на подрачјето на општина Аеродром, “Кирил и Методиј“ на подрачје на општина Центар, “Петар Здравковски Пенко“ на подрачје на општина Бутел, “Страшо Пинџур“ на подрачје на општина Ѓорче Петров и “Братство“ на подрачје на општината Карпош.
На работилниците заедно со ученици од училишните Клубови за превенција, односно ученици од седмо, осмо и деветто одделение, согласно превентивниот проект “Безбедност во училиштата“ а во рамките на тематската кампања “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, беше реализирана наменски подготвена видео презентација со интерактивна метода на дискусија. Притоа, учениците беа запознати со низа информации за основите на сообраќајната култура, потоа за сообраќајните правила и прописи што се важни за децата како пешаци но и како корисници на велосипеди, тротинети, мопеди, со посебен акцент на оние правила и прописи што директно влијаат врз нивната безбедност во сообраќајот.