25 март 2023

„МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“, превентивна активност на СВР Скопје

Денеска (25.03.2023) Одделението за превенција при СВР Скопје почна со реализација на активности во рамки на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат “МВР за граѓаните - заедница, доверба и одговорност“, со цел дополнително зголемување на довербата во полицијата, како и доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот - полициско работење со заедницата.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните ја потенцираа пораката на оваа кампања дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, ја потенцираа важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.