Полициски службеници од СВР Битола денеска (25.03) во Битола спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот - полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.
Полициските службеници од СВР Битола ја реафирмираа и потенцираа пораката дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, да креира побезбедни средини за граѓаните каде тие ќе чувствуваат поголема сигурност. СВР Битола е транспарентна институција отворена кон граѓаните, институција со кредибилитет и легитимитет. Полицијата како институција задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството има една од најважните улоги во државата и заедницата. Таа го гарантира редот, мирот, безбедноста и владеењето на законите,работи на сузбивање на криминалот и води бескромпромисна борба со сите криминогени појави во општеството, истовремено преземајќи и превентивни мерки за зголемување на сигурноста на граѓаните, го заштитува уставниот поредок и почитувањето на основните права и слободи за граѓаните и, секако, обезбедува граѓански услуги.