23 март 2023

Превентивни активности на СВР Велес

Денеска (23.03) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Велес реализираа едукативна работилница со учениците од основното училиште “Лирија“ во село Бузалково, велешко.

На работилницата од страна на полициските службеници беа презентирани неколку теми важни за учениците и нивната безбедност почнувајќи од темата за врсничкото насилство, особено околу насилството во училиштата, потоа за “Cyber buling“ и др. Учениците, меѓу другото, беа запознаени како во соработка со полицијата и училишните служби може да се превенираат овие појави.

Исто така, денеска во рамки на СВР Велес на регионален пат Р1-103 Кавадарци-Мушов гроб, беше спроведена сообраќајно превентивна акција - “Стави појас при управување на возило“ во која на возачите покрај укажувањата, им беа делени и едукативни летоци, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.