22 март 2023

Превентивни активности на СВР Штип

Денеска (22.03.) полициски службеници од ОВР Свети Николе при СВР Штип одржаа едукативно предавањe за децата во ЈОУДГ “Срцко“ во село Лозово, а на тема поврзана со сообраќајната безбедност на децата. Пред децата беа презентирани сите основни сообраќајни правила и прописи, а кои што се директно поврзани со нивната безбедност и сигурност. Тргнувајќи од основните знаења за функцијата на семафорите, потоа улогата на сообраќајните полицајци што го регулираат сообраќајот, за важноста на пешачките премини, како и за правилното движење по тротоарите, а се со цел децата како учесници во сообраќајот да бидат сигурни и безбедни.

Инаку и вчера (21.02.) Отсекот за превенција при СВР-Штип и Полициската станица од општа надлежност Штип во соработка со штипското Здружение на пензионери, во населбата Баби во Штип реализираа превентивна средба со граѓани а во рамки на превентивниот проект “Сигурноста и безбедноста на граѓаните- наша обврска“.
На средбата полициските службеници ги запознаа граѓаните околу низа битни информации во врска со имотните деликти – особено кражбите, тешките кражби, измамите – каде што постарите категории граѓани, пред се пензионерите, се потенцијални жртви. Покрај ова граѓаните беа запознати со начините на препознавање, заштитата и благовременото пријавување на таквите кривични дела. Особено беше нагласена постребата од комуникација и соработка со полицијата заради превенирање и откривање на таквите случаи, а воедно беа делени и печатени едукативни материјали изработени со поддршка од мисијата на ОБСЕ во Скопје.