20 март 2023

Превентивни активности на СВР Скопје


Во рамки на превентивната кампања “Безбедни училишта“ денеска (20.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Чаир и Карпош реализираа три превентивно-едукативни работилници. Две од работилниците се одржаа со учениците и членови на училишните клубови за превенција при основните општински училишта “Петар Здравкоцски – Пенко“ и “Климент Охридски“ (на подрачјето на Чаир) а посветени на темата “трговија со луѓе“. Третата работилница беше одржана со ученици од средното училиште “Орце Николов“ а на тема поврзана со појавата – говор на омраза.
На работилниците преку видео презентации полициските службеници ги пренесоа основните и суштински информации за овие социо-девијантни и криминогени појави запознавајќи ги учениците не само за формите и начините на нивно манифестирање туку и за начините на препознавање и благовремено превенирање на истите.
Исто така денеска, Одделението за превенција при СВР Скопје, а во соработка со РСБСП и полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај во рамките на кампањата “Стави појас“, организираше и спроведе едукативно превентивна активност на подрачјето на општина Карпош, односно на булевар “Партизански одреди“. Притоа, во рамките на планираната едукативно превентивна активност, покрај разговорите и укажувањата пред се кон возачите, околу важноста особено од аспект на личната безбедност на почитувањето на безбедносната мерка возење со сигурносен појас – полициските службеници на учесниците во сообраќајот им делеа и печатени материјали, изработени во соработка со РСБСП со пораки за почитување на ова сообраќајно правило
.