Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, денеска (16.03.2023) спроведе превентивно-едукативна кампања на тема „Бизнисот и безбедноста на граѓаните - наша обврска“. Активностите се реализираа преку средби со вработени на бензинска пумпа во Штип, на кои им беа давани совети за самозаштита од областа на имотните деликти: разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба и други кривични дела. Низ средбите и разговорите посебно им беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред сѐ преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а на вработените им беа поделени и летоци со едукативна содржина.