Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и и полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска (08.03.), по повод “8ми Март - Денот на жената“, организираa едукативно превентивна активност на подрачјето на општина Аеродром, односно на булеварот “Јане Сандански“.
Имено, во рамките на планираната едукативно превентивна активност наменета за жени возачи учесници во сообраќајот, полициските службеници честитајќи го празникот делеа едукативни печатени материјали со информативни содржини фокусирани на користењето сигурносен појас; почитувањето на пропишаната брзина; некористењето мобилен телефон при возење; потоа избегнување на управување на возило под дејство на алкохол, а сето тоа во насока на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Идентична ваква сообраќајна превентивна активност денеска Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од полициските станици Центар, Бит Пазар, Кисела Вода, Карпош и Аеродром, а по повод празникот, реализираа и на подрачјата во надлежност на овие полициски станици.
Покрај ова, денеска Одделението за превенција при СВР Скопје преку свој претставник - жена полициски службеник, учествуваше и на настан за презентирање на професијата “Полицаец“, настан кој што беше проследен и со креативна изложба на детски цртежи на тема “Играм и пеам за мојата мајка“, што по повод Денот на жената се одржа во Детски културен центар “Карпош“.