Денеска (08.03) полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај од Одделението за внатрешни работи Радовиш при СВР Струмица, во контекст на одбележувањето на 8-ми март – меѓународниот Ден на жената, на подрачјето на Радовиш спроведoa превентивна активност во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Полициските службеници преку делење на летоци и цвеќе на жените возачи им го честитаа празникот, со порака да продолжат да бидат одговорни возачи. Воедно укажаа на неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на општата сообраќајна безбедност. Инаку вакви превентивни активности со делење на летоци беа спроведени и на подрачјата на Струмица, Гевгелија и Валандово.