06 март 2023

Средби на полициски службеници од СВР Тетово со одговорни лица во угостителски објекти

Изминатиот викенд (4 и 5 март) полициски службеници на СВР Тетово оствариле средби со одговорните на вкупно 21 угостителски објект (хотели и мотели) кои работат на тетовско-гостиварското подрачје. Во рамките на овие средби чиј носител е Отсекот за превенција, полициските службеници поблиску ги запознале угостителите со одредбите на Законот за странци и со неопходноста од нивно целосно и доследно почитување, пред се кога станува збор за пријавување и одјавување на странски државјани и регулирање на нивниот престој на подрачјето. Тие, исто така, биле информирани и за законските импликации доколку не се придржуваат на важечките одредби. Угостителите искажале целосна подготвеност на имплементација на законските одредби и во иднина.
Минатата недела вакви средби со претставници на високообразовни институции и спортски клубови, во кои се образуваат или за кои настапуваат странци, беа организирани во Гостивар.