03 март 2023

Превентивни активности на СВР Скопје


Вчера (02.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје организираше едукативно превентивна активност во областа на сообраќајот, во ОУ “Исмаил Ќемал“, на подрачјето на општина Чаир, за учениците од ова основно училиште.
Притоа, во рамките на предвидената едукација, а согласно годишниот план за едукативна реализација на проектот “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, преку метод на дискусија и користење на соодветно подготвена видео презентација, на учениците им беа претставени сите за нив важни информации околу сообраќајните правила и прописи, пред се како пешаци-учесници во сообраќајот.
Исто така, вчера на покана на приватната детска градинка “Изворче – Монтесори“, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје спроведоа предавање за децата од предшколска возраст околу улогата, значењето и функцијата на професијата – полициски службеник.