Полициски службеници од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на 01.03. под мотото – “Користи сигурносен појас“ на повеќе локации околу и во Ресен реализираа превентивни едукативни активности со граѓаните а пред се со возачите.
Покрај укажувањата и советите за прецизно почитување на сообраќајните правила и прописи, вклучителни околу задолжителното користење на сигурносните појаси при возење, полициските службеници на граѓаните им делеа и печатени материјали со едукативни содржини, изработени со поддршка на РСБСП. Исто така, на тема од сообраќајната безбедност, односно мотото – “Брзото возење, загрижува, брзото возење убива“ и “Не користи мобилен додека возиш“, полициски службеници од организациони единици при СВР Битола реализираа превентивни активности во Македонски Брод и во Прилеп.