Полициски службеници од СВР Битола на 27.02.2023 спроведоа превентивна едукативна работилница со учениците од ЕМУЦ „Ѓорѓи Наумов“ во Битола посветени на проблематиката со компјутерските злоупотреби, злоупотребите на социјалните мрежи, сајбер булингот, говорот на омраза и друго. Предходните денови, пак, полициски службеници од ОВР Ресен, при СВР Битола, на подрачјето на општина Ресен и село Асамати реализираа превентивни активности во делот на заштита на граѓаните од пожари, а под мотото – „Заштита од пожари“. За време на превентивните активности беше поделен печатен материјал со едукативна содржина. Исто така, и ОВР Крушево при Секторот за внатрешни работи Битола спроведе превентивни активности во Крушево фокусирани кон заштита од измами и кражби, со важни укажување за граѓаните за самозаштита од овие имотни деликти.