27 февруари 2023

СВР Тетово со превентивна активност од областа на сообраќајот наменета за најмладите

Секторот за внатрешни работи Тетово значајно внимание во континуитет му посветува на подигнувањето на сообраќајната свест и култура на најмладите, на децата од предучилишна возраст и на основците од најниските одделенија. Полициски службеници на овој Сектор деновиве ги посетија децата од тетовска установа за забава, игри и едукација. Во рамките на нивната неколкучасовна посета тие поблиску ги запознаа децата од оваа установа со најосновните сообраќајни поими, знаци, постапки и со начинот-како најлесно и најбезбедно да ги преминуваат улиците кога се сами во сообраќајот, како да се однесуваат на семафори, што претставуваат пешачките премини и друго.

Децата,пак, искажаа голем интерес и активно учествуваат во практичното изведување на вежбите, односно активностите што им ги демонстрираа полициските службеници. Вакви и слични посети планирани се и во наредниот период како дел од зацртаните превентивни активности на СВР Тетово, кои треба да придонесат за стекнување на сообраќајна култура уште од најмали нозе.