24 февруари 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Продолжувајќи со континуираните превентивни активности, Отсекот за превенција при СВР Битола денеска (24.02.) реализираше едукативни работилници со ученици од средните општински училишта “Кузман Шапкарев“, “Јосип Броз Тито“ и “Таки Даскалот“ во Битола.

Во рамки на работилниците беше посветено поголемо внимание пред се на темите околу врсничко насилство, како и околу говорот на омраза и злоупотребата на социјални мрежи. На учениците им беа презентирани најбитните информации за различните форми и манифестации на овие видови социо-девијантни однесувања чии последици можат да предизвикаат сериозни штети и законски реперкусии. Всушност, целта на едукативните работилница беше насочена кон подигнување на свеста на учениците и кон нивно подетално запознавање заради препознавање, превенција и заштита од овие специфични видови негативни појави.

Покрај ова, а во рамки на превентивните активности на СВР Битола денеска ПО Велушина и ОВР Крушево сороведоа превентивна активност за заштита и спречување на пожари, а во текот на истите беше поделен и печатен материјал со едукативна содржина за информирање на жителите од Велушна и Крушево.