Денеска (23.02) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип, во централното подрачје на Свети Николе реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот.
Согласно целите во рамки на кампањата “Паркирај совесно, паркирај одговорно“, во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, полициските службеници укажуваа на неопходноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи во поглед на правилното паркирање како еден од факторите за поголема општа сообраќајна безбедност на пешаците, но и на другите учесници во сообраќајот.
Исто така, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на возачите им беа делени печатени летоци со информативни содржини околу правилното паркирање, со законските казниви одредби и препораки за почитување на прописите.