Денес (20.02.) полициски службеници од Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје, на подрачјето на општина Кисела Вода, односно на локации на улиците “Божидар Аџија“ и “Вера Јоциќ“ реализираа превентивни активности а под мотото “паркирај-совесно, паркирај-одговорно“.
Притоа, полициските службеници во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во непосредна комуникација со граѓаните укажуваа за потребата за почитување на сообраќајните правила по однос на паркирањето, и од аспект на казнивоста но и од аспект на безбедноста како на пешаците, така и на другите учесници во сообраќајот. Исто така, на гражаните им беа поделени едукативни летоци изработени со поддршка на РСБСП.