18 февруари 2023

Превентивна активност на СВР Скопје и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

 Вчера (17.02.) на наплатната рампа Глумово на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници од Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност за едукативно укажување во интерес на поголема сообраќајна безбедност. Притоа, на возачите им беше укажувано за забраната за користење на мобилен телефон при возење, потоа околу задолжителносто поседување на зимска опрема во возилата, како и околу строго почитување на сообраќајните правила по однос на брзината на движење. Воедно, на возачите, покрај укажувањата и апелите, им беа делени и едукативни печатени материјали изработени во соработка со РСБСП со содржина поврзани со посочените