16 февруари 2023

Превентивни активности на СВР Струмица


Денеска (16.02.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица беше спроведена превентивна активност со учениците од шесто до деветто одделение од основното општинско училиште “Маршал Тито“ во село Муртино, струмичко.


Во рамки на темата – “Превенција и заштита од врсничко насилство“ полициските службеници и учениците разговараа за начините на препознавање и заштитата од врсничкото насилство.