Денеска и вчера (14./13.02.2023) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид заедно со полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Охрид, Струга и Дебар, и во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивни активности во рамки на кампањата – „Празнувај одговорно – немој да пиеш доколку планираш да возиш“.
Притоа, на повеќе фреквентни сообраќајни локации на возачите на моторни возила им беше укажувано од потребата за строго почитување на правилата и прописите, особено во поглед на забранати за конзумирање на алкохол при возење, а се со цел за поголема безбедност на сите уесници во сообраќајот. Исто така, на возачите им беа делени и летоци со едукативни содржини, изработени во соработка со РСБСП.