14 февруари 2023

Осум едукативни работилници посветени на младите на подрачјето на СВР Скопје

Продолжувајќи со континуираните превентивни активности Одделението за превенција при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност - Карпош, Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода, како и од Полициското одделение Шуто Оризари, вчера (13.02.2023) реализираше осум едукативни работилници.

Така во рамки на проект “Безбедност во училиштата“, во основните општински училишта “Димо Хаџи Димов“, “Григор Прличев“, “Стив Наумов“ и “Љубен Лапе“ на подрачјето на Карпош, Гази Баба и Аеродром, беа одржани четири едукативни работилници со членовите на училишните клубови за превенција а на тема “Превенција од семејно насилство“. Преку соодветни видео презентации учесниците беа запознати со поимот, манифестирањето но и за начините за заштита и пријавување од овој вид наслиство.

Исто така, а во рамки на проектот посветен на превенција од “Говор на омраза“ едукативни работилници вчера беа одржани во средните училишта “Здравко Цветковски“ и “Шаип Јусуф“ како и во основното училиште “Круме Кепески“. Притоа беа одржани четири работилници со учениците од прва и втора година во средните училишта и со учениците претставници на Клубот за превенција во основното училиште. Основната цел беше запознавање на децата со значењето и облици на говор на омраза, односно како да се препознае говорот на омраза, а особено внимание беше посветено на употребата на електронската апликација за пријавување на RED BUTTON – Црвено Копче на веб страницата на Министерството за внатрешни работи. Инаку, во тек на работиниците на учениците им беа подделени печатени едукативни материјали, изработени со поддршка на мисијата на ОБСЕ со содржини од темите нна едукација.

Инаку, и денеска на булеварот “Јане Сандански“ во близина на “Капитол Мол“ Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа превентивна активности, заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата а во насока на превенирање на употребата на алкохол при возење. На возачите им беа делени едукативни летоци со укажување за опасностите и законските санкции од користење на алокохолот при возење.