13 февруари 2023

Едукација на млади полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Пелинце

Од страна на полициски службеници за превенција при Регионалниот центар за гранични работи Север на 11.02.2023 во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Пелинце беше реализирана превентивна активност на тема едукација на младите полициски службеници во изведување на мешани патроли долж граничната линија. На едукативната средба присуствуваа вработените полициски службеници-помлади полицајци и приправници од матична станица ПС за ГП и ГН Пелинце.

Истиот ден, полициски службеници за превенција од РЦ за ГР Север и во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Крива Паланка реализираа едукативно предавање на тема „Илегално поминување на државната граница“. Притоа одржан е и работен состанок со полициските службеници оваа полициска станица а едукацијата е продолжена со теренски показ и предавање во пределот на државната граница во реонот на с.Герман, каде што присуствуваа и претставници на месното население.