СВР Битола - ОВР Ресен заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на 11.02.2023 година во Ресен спроведоа превентивно - едукативна активност во рамки на кампањата „Биди подготвен за патување во зима, користи зимска опрема“.
На учесниците во сообраќајот им беа поделени флаери со едукативна содржина, а во непосредна комуникација со граѓаните, посебно со професионалните возачи, им беше укажано на законската обврска, но и на важноста задолжително да се носи зимска опрема за време на зимската сезона.