09 февруари 2023

Превентивни активности на Бит Пазар во рамки на кампањата „Паркирај совесно, паркирај одговорно“


Денеска (09.02.2023) Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, продолжи со реализација на превентивните активности во рамки на кампањата „Паркирај совесно, паркирај одговорно“.

Притоа, на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар, на улицата „Цветан Димов“, заедно со полициски службеници од оваа организациона единица на СВР Скопје, на возилата кои што беа паркирани непрописно на коловозна лента беа поставувани летоци со едукативни содржини, изработени од страна на РСБСП. Основната цел на акцијата е подигање на свеста кај возачите за да не го попречуваат безбедното движење на пешаците и останатите учесници во сообраќајот со паркирање на возилата надвор од места обележани за таа намена.