08 февруари 2023

Едукативна работилница со ученици од ОУ„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка во рамки на проектот „Безбедни училишта“

 Денеска (08.02.2023) во рамки на превентивниот проект „Безбедни училишта“, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка реализираа едукативна работилница со ученици од Основно училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка.

Темите на едукативната работилница се однесуваа на разните форми на насилство, превенствено на врсничкото насилство, како и насилството преку социјалните мрежи, а се говореше и за ненасилната комуникација, како и за раното, благовремено препознавање и спречување на овие социо-девијантни појави.

Исто така, од страна на полициските службеници учениците беа запознаени и за основните информации поврзани со проблемот на зависности, пред сѐ зависности од дроги и алкохол, со посебен акцент на здравствените, но и законски последици од истите.